Ѓоковиќ: Се чувствував грозно, не верувам дека може да биде потешко од ова

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако во супер интересен натпревар славеше со 3-1 (7-6, 7-6, 5-7 и 6-4) во средбата против полскиот тенисер Хуберт Хуркач во натпревар кој се одигра во два различни денови.

Полјакот даде се од себе доведувајќи го Србинот во тешки искушенија, но еден од најдобрите тенисери на сите времиња го прифати предизвикот, одигра на врвно ниво и ја продолжи доминацијата на централниот терен на грен-слемот на Велика Британија.

„Честитки до Хуберт одигра одлично, но немаше среќа. Не паметам кога последен пат се чувствував грозно на ретрн по неговите неверојатно силни и прецизни сервиси. Има неверојатен сервис, еден од најдобрите на светот и тешко е да го прочиташ. Игра на побрза подлога каква што е тревата му одговара. Не уживав, но во најважните моменти и вчера и денеска бев вистински. Имав среќа што го добив тој прв сет. Овој натпревар можеше да оди во потполно друг правец. Знам дека мечевите не се полесни од ден за ден, но не знам како може да биде потешко од ова“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...