Ѓоковиќ: Се извинувам на цела Србија

Новак Ѓоковиќ од херој прерасна во еден од најголемите трагичари на ОИ во Токио, откако српскиот тенисер остана и без бронза во сингл конкуренција, за веднаш потоа без борба да го предаде и дуелот во микс-дубл.

Првите информации говореа дека станува збор за преголем замор кај најдобриот светски тенисер, потоа беше обелоденето дека Ѓоковиќ чувствувал силна болка во рамото при сингл-мечот со Карењо Буста, за сега самиот Ѓоковиќ да се јави и да го објасни своето неиграње во мечот за бронзата на ОИ.

Станува збор за повреда, и тоа не е една туку неколку различни повреди. Се надевам дека нема да ме спречи да играм на УС Опен, што е следен предизвик за мене. Не се каам што дојдов, што дадов се од себе. Веќе трипати по ред губам полуфинале на ОИ, знам дека тоа не е резултат според моите стандарди. Се извинувам на цела Србија, на фановите и на сите спортски љубители. На сите оние кои ги разочарав, знам дека од мене се очекуваше медал. И јас го очекував, но ете, се случи она што никој од нас не го посакуваше“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...