Ѓоковиќ се најде во друштво со Меси, Трамп, папата…

Крајот на годината е време кога се сумираат впачатоците и се прави избор за најдобрите и најлошите во разни категории. Еден избор направи и познатиот латиноамерикански магизин од Колумбија „El Tiempo“, а меѓу влијателните личност на годината се најде и Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер е во листата на дваесетте највлијателни личности на годината која меѓудругите ги брои и Лео Меси, Џени Ермосо, Доналд Трамп, Папата Франциск, Тејлор Свифт…

„Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше блескава 2023 година. Потврди дека е тенисерот со најголем број на грен-слем титули освојувајќи три од четири можни оваа сезона: Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен. Во единственото во кое не победи стигна до финалето. На Вимблдон е поразен од Шпанецот Карлос Алкараз, еден од кандидатите да го наследи на тронот“, стои меѓудругото во текстот посветен на Ѓоковиќ.

Се вчитува...