Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, откако по голема борба и далеку потешко од очекуваното го совлада домашниот претставник Валентен Роје со 3-1 во сетови (6-3, 6-2, 6-7, 6-3).
Мечот траеше три часа и 47 минути, иако почетниот тек на средбата најавуваше брза и рутинска завршна разврска за фаворитот.
Следниот противник на Новак Ѓоковиќ ќе биде познат по завршувањето на мечот меѓу Хрватот Дино Прижмиќ и Бразилецот Жоао Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
