Ѓоковиќ: Се чувствувам ужасно, но тоа е спортот…

Новак Ѓоковиќ имаше ден за заборав на Олимписките игри во Токио. Српскиот ас прво го загуби полуфиналниот натпревар во сингл конкуренција од Александер Зверев, a потоа потфрли и во полуфиналето на микс-дубл заедно со својата партнерка Нина Стојановиќ, во песметката со Аслан Карацев и Елена Веснина од Русија.

По полуфиналните елиминации првиот рекет на светот не го криеше незадоволството од прикажаното.

„Ужасно. Се осеќам ужасно. Тоа е спортот. Зверев играше подобро и морам да му дадам признание за пресвртот. Сервираше екстремно добро… По водството од 3-2 во вториот сет ми се распадна играта и не успеавав да добијам лесни поени. Застанав и му дадов нему да нападне. На ова ниво и со притисокот кој го носат Игрите, настапот за својата земја… Што да правам? Не дојдов свеж тука, напротив дојдов исцрпен, но дојдов мотивиран. Секако дека сакав да донесам медал за Србија“, вели Ѓоковиќ кој се осврна и на прашањето што понатаму…

„Не знам. Во моментот се осеќам ужасно, но се надевам дека утре ќе имам свеж почеток. Се надевам дека навремено ќе се рехабилитирам и дека ќе донесам барем еден медал за мојата земја“.

Се вчитува...