„Ѓоковиќ се плаши само од еден тенисер во светот“

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка вели дека тој е единствениот тенисер чиј стил на игра воопшто не му одговара на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ досега има 20 грандслем трофеи, а би имал и повеќе ако во финалето на Ролан Гарос во 2015 година и потоа во финалето на УС Опен во 2016 година пред него не се испречеше токму Вавринка.

„Новак е единствениот од ‘големата тројка’ со кого уживам да играм. Неговата игра ми одговара, иако ме победил повеќе пати отколку што можам да избројам. Знам дека се плаши од мене, посебно кога играме на грандслем-турнирите“ – вели Вавринка потсетувајќи се на нивниот славен дуел од 2013 година во Мелбурн.

„Пред мечот сите зборуваа дека тоа ќе биде епска пресметка. И така беше. Успеав да дојдат до петиот сет и си реков во себе ‘Овој пат ќе успееш, не смее да ти избега. Ова е твое време’. Тоа и се случи, и токму таа победа ме однесе ниво повисоко во мојата кариера“.

Вавринка една година е без натпревар поради повреда на стапалото. Се очекува во март да се врати на терените, кога и ќе го слави својот 37-ми роденден.

Се вчитува...