Ѓоковиќ се поблиску до Џими Конорс и до Иван Лендл

Новак Ѓоковиќ ја заврши сезоната на првото место на АТП листата со 9.045 бода и од денска ја ситни 227.недела како прв светски рекет.

Српскиот тенисер уште претходно го обвезбеди лидерското место во светскиот тенис, и покрај поразите во финалињата на Мастерс турнирот во Париз и на Завршниот Мастерс турнир во Лондон.

Пред него на вечната листа се Џими Конорс, Иван Лендл, Пит Сампрас и Роџер Федерер, најблиску на Ѓоковиќ му се Конорс кој има 268 недели на врвот и Лендл со 270. Нив Србинот би можел да ги престигне следната сезона ако продолжи да игра на врвно ниво.

На актуелната АТП листа зад Новак Ѓоковиќ се Рафаел Надал со 7.480 на второто и Роџер Федерер со 6.420 бода на третото место.

Во Топ 5 тенисери во светот на крајот од сезоната се уште и Саша Зверев (6.385) и Хуан Мартин дел Потро (5.300).

Се вчитува...