Ѓоковиќ се повлече и од Синсинати – „Потрошив многу енергија…“

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да настапи и на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати, откако претходно го откажа учеството и на канадскиот Мастерс кој неделава се игра во Торонто.

„Сакам да споделам со вас дека сепак ќе го пропуштам турнирот во Синсинати, како би го искористил времето за што подобро да се опоравам и да поминам повеќе време со семејството. Од Австралија до Токио потрошив многу енергија, па сега се насочувам кон подготовка за УС опен. Се радувам дека повторно ќе ве видам во Њујорк“, напиша Ѓоковиќ. 

 

Се вчитува...