Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се премисли и одлучи дека нема да ја прескокне сезоната на трева. По поразот на Ролан Гарос, тој во нервозните мигови истакна дека размислува да не игра на ниту еден турнир на тревната подлога. Сепак, ќе биде дел и од Квинс, а ќе учествува и на гранслем турнирот Вимблдон.
„Се радувам на учеството на турнирот во Квинс. По возбудливите турнири во Рим и во Париз, се фокусирам на новите предизвици. Тревата е ретка и посебна подлога и среќен сум што ќе имам можност да играм на овој силен турнир, кој ќе биде и одлична подготовка за Вимблдон. Во Лондон со мене ќе бидат Марјан Вајда и Гебхард Фил Грич, и тоа дополнително ме радува. Засега се договоривме само за наредните два турнири, а потоа ќе разговараме за подоцнежните планови“, изјави Новак Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА