Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП ранкингот, најдобар пласман на Ивановски

Освојувањето на Австралија Опен го врати Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП листата. За српскиот тенисер кој последен пат се најде на врвот на 12. јуни ова е 374 седмица која ја започнува како најдобар на светот по што е апсолутен рекордер.

Ѓоковиќ на првото место го наследи Кралос Алкараз кој го пропушти првиот грен-слем во сезоната поради повреда. Србинот сега има вкупно 7.070 бода, што е за 340 повеќе од младиот Шпанец. Меѓу најдобрите десет место има и за: Циципас, Руд, Рубљов, Надал, Оже-Алијасим, Фрик, Руне и Хуркач.

Македонскиот тенисер Калин Ивановски забележа скок од девет места на листата со што тој сега се наоѓа на 534 место, што е најдобар ранкинг во неговата кариера.

Се вчитува...