Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по големата победа над Данил Медведев во финалето на УС Опен каде ја освои рекордната 24. грен-слем титула се врати на врвот на АТП листата и одново се најде пред шпанскиот тенисер Карлос Алкараз.
Медведев и Руне го задржаа третото, односно четвртото место, а останатите шест места од „првата десетка“ забележаа промени. Сега на петото место е Гркот Циципас, Русинот Рубљов е на шестото место, а зад него следат: Синер, Фриц, Руд и Зверев.
Напредок од две места на ранкингот забележа најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски кој сега е 328 пласиран тенисер на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА