Ѓоковиќ се врати по седум недели со тешка победа над Унгарецот Фучович

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ се врати на терените по пауза од седум седмици и финалето на УС опен во кое беше поразен од Данил Медведев.

Србинот, во второто коло на мастерсот во Париз славеше над Унгарецот, Мартон Фучович со 2-1 по сетови 6-2, 4-6 и 6-3.

Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од домашното дерби меѓу Гаел Монфис и Адријан Манарино.

Се вчитува...