Ѓоковиќ се врати во елемент и го освои Вимблдон!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја врати својата најдобра форма и повторно освојува титули на гранслем турнирите. Тој го освои трофејот на Вимблдон, откако славеше во финалниот дуел против Кевин Андерсон со 3-0 во сетови. Тоа е четврта титула за Ѓоковиќ на Вимблдон.

Ѓоковиќ фуриозно го почна мечот и го доби првиот сет со 6-2 во гемови. На идентичен начин продолжи со доминацијата и во вториот и исто така го комплетираше со 6-2. Кевин Андерсон пружи најголем отпор во третиот сет во кој се играше тај-брејк, а Србинот беше поконцентриран и успеа да го добие со 7-3 на поени, за освојување на престижниот трофеј на Ол Инлганд клуб.

Се вчитува...