Ѓоковиќ се врати во Топ 10 на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ дефинитивно се врати на старите победнички патеки, откако по пласманот до финалето во Квинс одигра фантастичен турнир на Вимблдон и сосема заслужено се закити со трофејот.

Со оваа победа Србинот напредуваше за дури единаесет позиции на АТП-листата, па тој од денеска повторно е дел од Топ 10 рангирањето на најдобрите светски тенисери. Тој моментно е десеттопласиран со 3.355 бода, со големи шанси во следниот период уште повеќе да напредува бидејќи лани во овој дел од годината не играше на турнири поради повреда, па затоа сега нема да брани бодови на претстаојните натпреварувања.

Прераната елиминација скапо го чинеше Роџер Федерер, кој остана на второто место, но сега со огромно заостанување од 2.230 бода зад Рафаел Надал. Треторангиран е Александар Зверев пред Хуан Мартин дел Потро, додека на петтото место со пласманот во финалето скокна Кевин Андерсон. Зад него се Димитров, Чилиќ, Иснер и Тим, со што Топ 10 листата ја заокружува Ѓоковиќ.

Се вчитува...