Ѓоковиќ: Што да ви кажам, па и јас сум само човек…

Новак Ѓоковиќ неславно го заврши настапот на ОИ во Токио, каде беше главен кандидат за две злата, но остана без ниту еден медал. Тој најпрвин го загуби мечот за бронза во сингл од Карењо Буста, а потоа самиот се откажа од „малото финале“ во микс-дубл, останувајќи без одличје на овие Игри.

Шокот во српската јавност е огромен, но за светските медиуми многу поинтересно е инцидентот од вчерашниот дуел со Карењо Буста, кога Новак ги загуби нервите и го фрли рекетот кон празните трибини.

„Тоа е нешто што се случува во жарот на борбата. Секако дека не е убаво, но е дел од она што сум јас. Не ми е првпат, нема да ми биде ниту последен. Жал ми е, не сакам да праќам таква порака до помладите, но што да ви кажам… и јас сум само човек, некогаш е навистина тешко да се исконтролираат емоциите“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...