Ѓоковиќ си ја доврши работата против Дел Потро

Новак Ѓоковиќ потсети на своите најдобри времиња откако без никакви проблеми, со убедливи 2-0 славеше на дуелот со Хуан Мартин дел Потро. Станува збор за меч што стартуваше синоќа и кој при резултат 6-1, 1-2 беше прекинат поради обилните врнежи од дожд во Рим.

Паузата од околу 15 часа воопшто не влијаеше врз Ѓоковиќ, кој одигра одлично против Аргентинецот кој секогаш претставувал незгоден ривал за него. Тој веднаш успеа да направи брејк и потоа да ја одржи предноста до самиот крај, триумфирајќи со конечни 6-1, 6-4.

Следен ривал на српскиот ас ќе биде Доминик Тием, кој приреди сензација откако во четвртфиналето го елиминираше Рафаел Надал, нанесувајќи му го на шпанскиот тенисер првиот пораз на земјена подлога сезонава.

Се вчитува...