Ѓоковиќ: Синер заслужи да победи, во клучните моменти беше похрабар

Светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ, вчера загуби од Јаник Синер на завршниот АТП турнир во Торино, Италија со 2-1, во меч кој траеше повеќе од три часа.

Италијанецот го доби првиот сет со 7-5, потоа го загуби вториот преку тај-брејк, за третиот да го добие во тај брејк и да ја оствари можеби најголемата победа во кариерата.

По мечот, Ѓоковиќ го пофали својот ривал.

„Мислам дека главната разлика е во тоа што во важните моменти беше похрабар. Јаник заслужи да победи бидејќи во клучните моменти не бев доволно агресивен, недоволно решителен. Му дадов можност да ја преземе контролата. При резултат 15-30 во третиот сет требаше да интервенирам, но не го сторив тоа, а противникот го искористи тоа. Сè што можам да направам е да му честитам. Тој само одигра фантастичен натпревар. Така му кажав на мрежата. Мислам дека одигра најдобро во најважните моменти и апсолутно ја заслужи победата, изјави Ѓоковиќ за прес-службата на АТП.

И за двајцата ова беше втор натпревар на турнирот. Синер сега има две победи, додека Ѓоковиќ една победа и еден пораз.

Се вчитува...