Ѓоковиќ слави јубилеј, рекордот на Федерер е само прашање на време

Новак Ѓоковиќ денеска слави неверојатен јубилеј, од 21 декември Србинот ја почнува својата 300. седмица на чело на АТП-листата. Србинот доминира на тениските терени, се уште е далеку пред ривалите и јасно е дека во блиска иднина ќе го урне рекордот на Роџер Федерер, кој вкупно 310 седмици во кариерата беше прворангиран светски тенисер.

„Сакам да бидам историски број 1“, изјави Ѓоковиќ во октомври, откако стана јасно дека ќе ја заврши годината на врвот на АТП-листата, правејќи огромен чекор напред кон рекордот на Федерер.

Доколку нема сензационални елиминации на Ѓоковиќ на првите турнири во 2021 година, српскиот ас ќе го урне Федерер на 8 март, продолжувајќи ја својата жетва на рекорди во тениската историја.

Новак ќе ја почне сезоната со настап за Србија на АТП-купот, по што веќе го потврди своето учество на Австралија Опен, турнир на кој е апсолутен рекордер со осум освоени титули.

Се вчитува...