Новак Ѓоковиќ испиша историја откако успеа да стигне до својата 22. гранд-слем титула и да се израмни на врвот на вечната листа со големиот ривал Рафаел Надал. Србинот до 10. рекордна титула на Австралија опен стигна откако во финалето славеше над Гркот, Стефанос Циципас со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 7-6.
На прес-конференцијата по мечот тој изјави дека во следните денови ќе открие детали за некои луѓе кои што не се однесувале баш најдобро со него целиот овој период, а посебно минатата година кога беше депортиран од Австралија.
„Размислував во овие две недели дали сакам да објавам нешто на социјалните мрежи, да покажам слики низ што поминувам и во следните неколку тоа ќе го направам. Дури и пред две години се случија секакви работи, луѓе ме исмејуваа и сакам не поради нив, туку заради мое добро да покажам што се случило. Се ќе се дознае за неколку дена. Нема да бидам патетичен, го освоив турнирот, но ми пречи како луѓето се однесуваа“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА