Ѓоковиќ со барање: Австралија Опен да се одложи!

Првиот гранслем турнир во 2020 година, Австралија Опен, би можел да биде одложен откако Новак Ѓоковиќ јавно проговори дека организаторите мораат повеќе да се грижат за здравјето на тенисерите отколку за се друго. Причина се големите пожари што дивеат во Австралија, во кои 23 лица досега го загубија животот. Воедно, т0а сериозно влијаеше на квалитетот на воздухот на овој континент, нешто што може да им создаде огромни проблеми на спортистите при нивните мечеви.

„Верувам дека организаторите ќе сторат се за турнирот да мине беспрекорно, но доколку ситуацијата се сведе на тоа условите за игра да влијаат на здравјето, ќе мора да се размислува Австралија Опен да се одложи. Свесен сум колку е тешко сето ова што го говорам, но треба да се знае дека нашето здравје е најважно од се и не би играле некаде каде што тоа е загрозено“ – изјави Ѓоковиќ.

Србинот е актуелен шампион на Австралија Опен, воедно и најтрофеен тенисер во историјата на овој турнир, со седум освоени пехари во Мелбурн.

Се вчитува...