Ѓоковиќ со емотивна порака за разделбата со Иванишевиќ: „Шефињо те сакам, ти благодарам за се!“

Ставен е крај на петгодишната соработка меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ.

Тенискиот свет го дочека денеска неочекуваната вест за завршувањето на соработката, ако се знае дека голем напредок Ѓоковиќ имаше со Иванишевиќ во сервисот, што придонесе и за исклучтелно добрите резултати изминативе три години. Во ерата на Иванишевиќ, Ѓоковиќ освои осум грандслем турнири.

А, по веста за нивниот „раскин“, со емотивна порака преку својот Инстаграм профил се огласи и самиот Новак Ѓоковиќ.

„Јасно се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Тоа беше во 2018 година, кога со Маријан (Вајда) сакавме да донесеме некоја ‘сервисна магија’ на нашето дуо. И, не донесовме само сервис, туку и многу смеа, забава, прво место на крајот на годината, многу рекорди и уште 12 грендслем-титули. Со Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Нашата хемија на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство секогаш беше силно. Шефињо, ти благодарам за се мој пријателе, те сакам“ – напиша Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер годинава испадна во полуфиналето на грандслем турнрот во Мелбурн, а уште во третата рунда на првиот од двата мастерса по ред во САД.

Во кариерата Иванишевиќ соработуваше и со Марин Чилиќ, Томас Бердих и Милош Раониќ. Сега се очекува Ѓоковиќ да именува нов тренер.

Следниот турнир на Србинот ќе биде Мастерсот во Монте Карло кој почнува 7. април.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Се вчитува...