Ѓоковиќ со лесна победа над Синер ја стартуваше сезоната на земја

Новак Ѓоковиќ успешно го стартуваше Мастерсот во Монте Карло, откако во второто коло славеше над младата италијанска надеж Јаник Синер со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.

Финалистот од Мајами подобро го отвори натпреварот и прв стигна до брејк (2-1). Сепак следуваше серија на Србинот од четири гема, кои беа доволни за освојување на првиот сет со 6-4. Во вториот без поголеми проблеми славеше со 6-2.

Во осминафиналето првиот рекет во светот ќе игра со подобриот од мечот меѓу шампионот од Мајами, Хуберт Хуркач и Британецот, Даниел Еванс.

Во следната фаза пласман обезбедија и шампионот од последното издание во 2019, Фабио Фоњини, како и Григор Димитров, Андреј Рубљов, Давид Гофан…

Се вчитува...