Ѓоковиќ со „луд пресврт“ му се освети на Арналди за поразот во Мадрид

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Женева откако во четвртфиналето го победи Италијанецот Матео Арналди во два сета со 6-4, 6-4.

Ѓоковиќ со неверојатен пресврт во вториот сет во кој имаше негатива од 1-4 во гемови, успеа да освои пет едноподруго гема и на крај да го освои вториот свет за конечна победа.

На тој начин Ѓоковиќ му се освети на Арналди за поразот пред еден месец во Мадрид.

Се вчитува...