Тениската сезона во 2020 година и официјално заврши со АТП-шампионатот во Лондон, при што Новак Ѓоковиќ успеа да се задржи на врвот и да заврши уште една календарска година како прворангиран светски тенисер.
Српскиот ас покрај освоените АТП-бодови исто така заработи и најмногу пари од своите учества на турнирите во изминатите 12 месеци. Ѓоковиќ од настапите годинава инкасираше 6,5 милиони долари, за половина милион повеќе од Доминик Тим. Рафаел Надал заврши на третото место на оваа ранг-листа со 3,8 милиони долари, пред Данил Медведев со 3,6 милиони.
Ланската година прв на оваа листа беше Рафаел Надал со заработени 16,3 милиони долари, а огромниот пад на заработките на тенисерите се должи на фактот дека неколку месеци не беа играни турнири поради коронавирус, а од истата причина беше откажано и одржувањето на Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА