Ѓоковиќ со нов рекорд, ја мина првата пречка на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло од Ролан Гарос откако успеа да триумфира на вечерашниот дуел со Французинот Мпечи Перикар со 3-1 во сетови. Воедно, Ѓоковиќ успеа да урне нов рекорд станувајќи прв тенисер во историјата со 82 настапи на гранслем турнирите.

Во пресрет на ова издание Ѓоковиќ беше израмнет со Федерер и со Лопез со по 81 настап на најголемите турнири, но Новак со играњето во Париз сега е на врвот и на оваа листа.

Домашниот тенисер кој моментно се наоѓа на 80. место на АТП-листата го изненади фаворитот добивајќи го првиот сет со 5-7, а потоа и одлично парирајќи во вториот сет се до 5-5. Ѓоковиќ конечно стигна до брејк, го доби сетот со 7-5, а потоа издоминира и во третиот сет со 6-1.

Клучниот брејк беше направен кон средината на четвртиот сет, по што Новак рутински го приведе мечот до крај и конечните 6-4.

Негов противник во следната рунда ќе биде Французинот Валентин Ројер (73. место на АТП-листата), кој денеска славеше на својот прв меч со максимални 3-0 против Хуго Делиен од Боливија.

Се вчитува...