Ѓоковиќ со нов рекорд – Ноле се изедначи со Федерер на врвот на вечната листа

Тоа е официјално. Новак Ѓоковиќ се изедначи со рекордот на Роџер Федерер по бројот на недели на врвот на АТП-листата. Српскиот тенисер, денес ја започна 310-тата недела на „владеење“.

Сигурно е дека Новак ќе стане апсолутен рекордер на 8 март според овој критериум. Ѓоковиќ беше на првата позиција за прв пат во кариерата на 4 јули 2011 година. Потоа се врати на врвот уште четири пати. Како најдобар тенисер на светот, тој ја заврши годината шест пати, што е рекорд кој го дели со Пит Сампрас.

Како прв тенисер во светот, Новак има скор од 387 победи и 53 порази, вклучувајќи 117 победи и 30 порази против ривалите од Топ 10. Во финалето, тој има учинок 39-13. Србинот на првата позиција во моментов има 12.030 поени. На второто место е Рафаел Надал со 9.850 поени, додека Русинот Данил Медведев е на третата позиција (9.735).

Се вчитува...