Ѓоковиќ со поддршка за настраданите во Бејрут (ФОТО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи испрати порака на поддршка за настраданите во катастрофалната несреќа која го погоди главниот град на Либан, Берјут.

Во големата експлозија која го погоди Бејрут досега се забележани околу 100 жртви, а преку 4.000 се повредени. Извештајот од локалните власти вели дека во центарот на Бејрут експлодирале 2.750 тона амониум-нитрат. Новак на својот твитер профил објави фотографија со знамето на Либан на кое напиша Бејрут.

 

Се вчитува...