Ѓоковиќ со порака до Израел и Палестина: Како дете кое растеше во војна…

Новак Ѓоковиќ лесно го совлада Томас Мартин Ечевери во 2. коло на Мастерсот во Париз.

По дуелот тој на прес-конференција одговараше на прашања на странски новинари, а често има и теми кои немаат врска со спортот. Новак беше прашан за мислење за израелско-палестинската војна.

„Како дете кое растеше во војна, многу сум повреден од тоа што се случува во светот, а тоа се случува веќе некое време, не само во Израел и Палестина, туку и низ целиот свет. Страшно е. Испраќам љубов до сите цивили кои страдаат и се надевам дека се ќе заврши наскоро. Секогаш се залагам за мир и тоа е мојата порака. Им праќам љубов“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...