Ѓоковиќ со пресврт до 3. коло на УС Опен, Чориќ славеше по речиси пет часа игра

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови го победи Кајл Едмунд за пласман во третата рунда натпревари на УС Опен.

Ѓоковиќ со пресврт успеа да дојде до триумфот, во меч кој траеше три часа и 17 минути. Првиот сет во тај-брејк го доби Едмунд, а потоа следеше подобра игра на Србинот кој ги доби следните три сета со 6-3,6-4 и 6-2.

Наредниот противник на Ѓоковиќ ќе му биде германскиот тенисер Јан Ленард Штруф.

Борна Чориќ, пак, го победи аргентинскиот тенисер Хуан Лондер по речиси пет часа игра, славејќи со 3-2 (7-5, 4-6, 5-7, 6-2, 6-3).

 

Во следната рунда натпревари се пласираше и Шаповалов кој со 3-1 го победи Кореецот Сонву, како и Гркот Циципас кој со 3-0 славеше против Американецот Криси.

Се вчитува...