Ѓоковиќ со рутинска победа над Шарди ја почна одбраната на титулата на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со рутинска победа над Французинот, Жереми Шарди ја почна одбраната на титулата на првиот гранд-слам во сезоната, Австралија опен.

Србинот за нешто повеќе од еден час беше убедлив со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-1 и 6-2. Во второто коло Новак Ѓоковиќ ќе игра со Американецот, Френсис Тиефо кој во првото коло беше подобар од Италијанецот, Стефано Травалја со максимални 3-0 (7-6, 6-2 и 6-2).

 

Се вчитува...