Остануваат речиси две недели до почетокот на Вимблдон, а Новак Ѓоковиќ го најави своето учество на најпопуларниот турнир во светот на тенисот.
Со реченицата „Претходно… за време на сезоната на трева“ и 12 фотографии, Ѓоковиќ се огласи на Инстаграм за да се потсети на некои од своите најголеми моменти на овој турнир.
Секако, тука е легендарното гризење на тревата по сите седум трофеи, познатата позиција на авионот, ракувањето со Роџер Федерер, кого го победи во три финалиња, слика со Рафаел Надал против кого го освои првиот пехар, поздравувањето со Енди Мареј, од кого го загуби мечот за титулата…
Се уште не е познато дали Ѓоковиќ ќе одигра натпревар пред почетокот во Лондон, но реално е да се очекува дека тоа ќе биде на еден од двата егзибициски турнири во неделата пред тоа.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
