Ѓоковиќ со сигурен триумф ја почна одбраната на трофејот на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно ја стартуваше одбраната на круната на гранслем турнирот Ролан Гарос, на терените во Париз. Тој го совлада Шпанецот Марсел Гранолјерс – Пујол со 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 6-2), истакнувајќи дека е подготвен за да го сочува пехарот.

Во следното коло досега се пласираа и Милош Раонич, Роберто Баутиста – Агут и Виктор Троицки.

На женскиот дел од турнирот стартна победа оствари бранителката на трофејот Гарбине Мугуруза, која славеше со 6-2, 6-4 над ветеранката Франческа Скијавоне. Каролине Вознијацки со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 6-2) ја совлада австралиската тенисерка Џејли Форлис.

Се вчитува...