Ѓоковиќ со триумф над Чилиќ се загреа за полуфиналната пресметка со Кевин Андерсон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Марин Чилиќ со 2-0 во сетови во последниот меч од групниот сегмент на завршниот турнир во Лондон. Во О2 арената, вистинска борба имаше само во првиот сет, кој Ѓоковиќ го доби во тај-брејк, на поени со 9-7. Потоа се одеше многу полесно за Србинот. Ѓоковиќ продолжи со доминација и во вториот сет, го освои со 6-2 во гемови и стигна со заслужен триумф и прво место во својата група.

И од претходно беше дека Ѓоковиќ во полуфиналето ќе вкрсти со Кевин Андерсон, додека Швајцарецот Роџер Федерер ќе ги одмери силите со Александер Зверев.

Се вчитува...