Ѓоковиќ со трофеј заминува на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ полека, но сигурно ги надминува проблемите што го следат последниот период откако српскиот тенисер славеше на турнирот во Истбурн, па со пехар ќе отпатува за Вимблдон, каде ќе атакува на врвот на АТП-листата на кој моментно се наоѓа Енди Мареј.

Српскиот тенисер денеска во финалето се сретна со Гаел Монфилс, совладувајќи го ривалот од Франција со 6-3, 6-4 за 14. победа во низа над овој противник. Во период во кој е критикуван поради потпросечните настапи и резултати, Новак реши за првпат во кариерата да настапи во Истбурн како загревање за Вимблдон и тоа се покажа како одличен потег. Тој го почна денешното финале со брејк веќе во првиот гејм, по што го диктираше темпото се до самиот крај за заслужена победа и своја втора титула во 2017 година.

Ѓоковиќ ќе биде втор носител на претстојното издание на Вимблдон, каде за ривал во првото коло ќе го има Словакот Клизан.

Се вчитува...