Ѓоковиќ, со уште еден рекорд, триумфално против Беретини за полуфинале на УС Опен

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен совладувајќи го Италијанецот Матео Беретини со 3-1 во сетови, 5-7, 6-2, 6-2 и 6-3.

Новак, како и во финалето на Вимблдон, повторно го загуби првиот сет од Беретини, но потоа немаше проблем лесно да ги освои следните три сета. Во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев, четвртиот светски тенисер.

Ѓоковиќ до полуфиналето на УС Опен дојде и со уште еден соборен рекорд како тенисер со најголем број победи против Топ 10 играчи во историјата на тенисот. Совладувајќи го Беретини дојде до 224. победа над Топ 10 играчи, престигнувајќи го Роџер Федерер на вечната листа кој има 224 победи и 123 порази. Рафаел Надал има 178 победи и 99 порази против Топ 10 тенисери.

Се вчитува...