Ѓоковиќ со видео-порака до фановите: Пресреќен сум што по девет години се враќам со меч во Белград (ВИДЕО)

„Рекетот“ број еден, Новак Ѓоковиќ преку видео-порака се обрати до фановите пред враќањето во Белград каде по девет години, српскиот ас ќе учествува на турнирот ‘Србија Опен 2021’, кој ќе се одржи помеѓу 19. и 25. април во тенискиот центар „Новак“.

Во пораката, Србинот упати благодарност до државата за поддршката, како и на тенисерите кои ја прифатија поканата да учествуваат на турнирот.

„Многу сум возбуден што ќе играм во родниот Белград по девет години. Среќен сум што повторно успеавме да го донесеме турнирот од серијата 250 во Белград, не само во машка, туку и во женска категорија, како и челинџерите. Им се заблагодарувам на Србија и градот Белград за поддршката и помошта, на сите луѓе кои даваат позитивна енергија и не поддржуваат не само мене туку и сите други српски тенисери“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...