Ѓоковиќ спаси две меч топки против Дел Потро и се пласираше во полуфиналето во Рим

Новак Ѓоковиќ во епски меч кој траеше до еден часот по полноќ, го совлада Хуан Мартин Дел Потро со 2-1, по сетови 4-6,7-6 и 6-4, откако во тај-брејкот во вториот сет спаси две меч топки.

Во првиот сет Ѓоковиќ играше многу лошо во ситуација кога имаше брејк шанси неискористувајќи ги сите шест што ги имаше, што беше доволно Аргентинецот да го добие сетот со 6-4. Србинот подобро го отвори вториот сет, поведувајќи со 5-2. Дел Потро со одлична игра во продолжение успеа да се избори за тај-брејк, во кој имаше при резултат 6-4 не успеа да искористи две меч топки. Србинот успеа да освои четири поени по ред и да го добие вториот сет со 8-6 во тај-брејкот.

Третиот сет почна израмнето, а до брејк првиот тенисер во светот стгина во петиот гем, што беше доволно за конечен триумф од 6-4.

Во полуфиналето тој ќе се сретне со Аргентинецот Диего Шварцман кој беше подобар од Кеј Нишикори од Јапонија со 2-0 по сетови 6-4 и 6-2. Во второто полуфинале ќе играат Шпанецот Рафаел Надал и Стефанос Циципас од Грција.

Се вчитува...