Ѓоковиќ стана прв тенисер кој заработил повеќе од 150 милиони долари од турнири

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најдобар веќе долго време, а со пласманот во четвртото коло на Вимблдон оствари уште еден успех и ги надмина најголемите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ стана прв тенисер кој во историјата заработил повеќе од 150 милиони долари од награди на турнирите и да ги помести границите.

Србинот сега зад себе ги остави Федерер, кој има заработено 130 милиони долари во кариерата, додека Надал има заработка од 125 милиони долари.

 

 

 

Се вчитува...