Ѓоковиќ: Стефанос, пријателе мој се гледаме за два дена

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му се заблагодари на својот тим по пласманот во финалето на Австралија опен, и говореше за тоа колку ќе биде подготвен за финалето со Стефанос Циципас.

Тој вели дека се чувствува 110 отсто подготвен и дека се гледа со Гркот за два дена.

„Одлично, совршено, јас сум на 110 проценти. Стефанос пријателе, се гледаме за два дена. Секако дека не можете да бидете свеж како на почетокот на турнирот. Вложивме многу часови вонсезона, имаше многу работа таму, за да можеме да играме во пет сета. Искуството помага, но на теренот е момент по момент, точка по точка, тоа е голема битка со себе, а потоа и со противникот. Нема многу долги поени. Имам силна фантазија, но никогаш не замислував дека работите ќе се одвиваат вака. Благословен сум и благодарен, тоа е се. Се трудам да уживам и да го ценам секој момент. Без моето семејство и тие работи, овие работи не би биле возможни. Сами сте, тоа е индивидуален спорт, преземате одговорност, заслуга и критики, но морам да му оддадам заслуга и на тимот што живее со мене од ден на ден, тоа е нивен успех колку и мој“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...