Ѓоковиќ супериорен на АТП листата, Федерер со најслаб ранкинг од 2017

Новак Ѓоковиќ константно потврдува дека е играчот кој е во најдобра форма периодов во светот на тенисот. Тој супериорно дојде до рекордната седма титула на Австралија Опен триумфирајќи убедливо над Рафаел Надал и сосема очекувано е неприкосновен лидер на најновата АТП листа. Србинот има повеќе од две и пол илјади поени предност пред шпанскиот ривал.

Оваа ситуација беше и очекувана, а извесен беше, денеска е само потврден и најслабиот ранкинг на Роџер Федерер во последните две години. Швајцарецот беше елиминиран уште во осминафиналето на турнирот во Мелбурн и со тоа падна за три места односно на шестата позиција на ранкинкот што му е повторување на пласманот од март 2017 година.

Пред Федерер се и Александар Зверев, Хуан Мартин Дел Потро и Кевин Андерсон, сите натпредуваа за една позиција и тоа Дел Потро воопшто и не учествуваше на Аус Опен, а за Зверев ова е повторување на најдобриот пласман во кариерата. Првата десетка ја заокружуваат Нишикори, Иснер, Тим и Чилиќ.

 

Се вчитува...