Ѓоковиќ супериорно на врвот за крај на 2018

Предноста на Новак Ѓоковиќ пред Рафаел Надал на завршната АТП листа за 2018 е приближно колку што Србинот имаше бодови во средината од сезоната кога беше дури 22. играч на планетата. Ѓоковиќ годината ја завршува со 9045 бода, комфорни 1565 пред Надал кој воопшто и не учествуваше на последните турнири.

Победникот од Вимблдон и од УС Опен годинава ќе има можност да напредува и на почетокот од 2019 година со оглед дека во тој период ќе брани малку бодови бидејќи лани на Австралија Опен дојде само до осминафиналето, а на другите турнири се мачеше уште во првото коло.

Зад водечката двојка е Роџер Федерер кој има посеризоно заостанување. Швајцарецот всушност и има минимална предност пред херојот од Лондон, Александар Зверев. Германецот кој славеше над Ѓоковиќ во финалето на завршниот Мастерс заостанува само 35 бода зад легендата на светскиот тенис.

Петтото место на листата му припаѓа на Хуан Мартин Дел Потро, а потоа во најдобрата ’десетка’ следуваат и Кевин Андерсон, Марин Чилиќ, Доминик Тим, Кеи Нишикори и Џон Иснер.

 

 

Се вчитува...