Ѓоковиќ: Тенисот го чека светла иднина на чело со Алкараз

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека иднината на белиот спорт со Карлос Алкараз е и тоа како светла.

Двајцата тенисери досега се сретнаа во четири меѓусебни меча, и имаат секој по две победи. Последниот дѕел му припадна на Ѓоковиќ во финалето во Синсинати по спектакуларен пресврт.

„Иднината на тенисот изгледа навистина добро, со Карлос како предводник. Имавме неколку возбудливи мечеви оваа година на Вимблдон и Синсинати, што беше и еден од најдобрите мечеви во три сета кои било кога сум ги играл“ – вели Ѓоковиќ.

Најголемото ривалство на Новак во текот на кариерата беше со Рафаел Надал, но и со Роџер Федерер и Енди Мареј.

„За нашиот спорт е многу важно да има што повеќе силни ривалитети. Секако ривалството со Роџер, со Рафа и со Енди беше навистина големо. Но, и со Карлос играв веќе четири пати и јасно се гледа дека тука има сериозен ривалитет. Се надевам дека ќе имам можност и со него да играм колку и со другите. Иако, се сомневам во тоа, но ќе видиме како се ќе тече“ – дополнува Ѓоковиќ.

Се вчитува...