Ѓоковиќ титулата на АО ќе ја брани надвор од Австралија

Австралиската влада донесе одлука да ги затвори границите до средината на 2022 година, пренесуваат локалните медиуми. Оваа одлука ќе влијае и на организацијата на Австралија опен следната година.

Веќе сега се најавува дека „Ози опен“ ќе се премести во Дубаи или Доха кога Новак Ѓоковиќ треба да ја брани титулата. Властите во Австралија не сакаат да поминуваат низ ситуацијата од минатата година кога имаше многу контроверзии на турнирот и напад од тенисерите поради 14-дневниот карантин.

До следниот Австралија опен има многу време, но очигледно е дека австралиските власти не се воодушевени повторно да го организираат турнирот ако не се смири ситуацијата со коронавирусот.

Се вчитува...