Ѓоковиќ тргна фуриозно во Мадрид

Новак Ѓоковиќ фуриозно го стартуваше настапот на турнирот во Мадрид, лесно славејќи во пресметката со Тејлор Фриц. Американецот не беше достоен ривал за прворангираниот светски тенисер, кој на теренот мина 66 минути и триумфираше со 6-4, 6-2.

Денешниот ден во Мадрид беше кобен за Гофан, кој загуби со 0-2 во сетови од Фуксович од Унгарија, Вавринка лесно триумфираше над Херберт, додека Фоњини со 2-0 беше подобар од Британецот Едмунд.

Вечерва својот камбек на еден меч на земјена подлога ќе го има Роџер Федерер, кој за ривал ќе го има францускиот тенисер Ришар Гаске.

Се вчитува...