Ѓоковиќ тргна моќно и во 2019 година

Новак Ѓоковиќ на фуриозен начин ја стартуваше и новата година, откако на премиерниот меч од турнирот во Доха прворангираниот светски тенисер експресно го прегази Дамир Џумхур со 2-0 во сетови. Српскиот ас мина на теренот само 56 минути во кои му препушти на Босанецот само три гејма (6-1, 6-2), покажувајќи дека се наоѓа во топ-форма во пресрет на Австралија опен.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Унгарецот Мартон Фуксович, кој денеска беше подобар од Романецот Копил.

Денешниот ден во Доха го донесе и првото поголемо изненадување откако Гофан загуби со 1-2 во сетови од Беранкис, а за одбележување е и победата со максимални 2-0 што ја извојува Стен Вавринка против Русинот Хачанов.

Се вчитува...