Новак Ѓоковиќ немаше проблеми на стартот од својот настап на Ролан Гарос, триумфирајќи на дуелот против Микаел Имер со максимални 3-0 во сетови. Првиот носител играше импресивно во текот на целиот меч, препуштајќи му на противникот само пет гејма, за конечен триумф од 6-0, 6-2, 6-3.
Првиот сет траеше само 21 минути, Ѓоковиќ му одржа лекција по тенис на противникот, во вториот шведскиот тенисер успеа да земе два гејма, а потоа во третиот да игра израмнето се до 3-3. Тогаш пресуди класата на Србинот, кој по скратена постапка го реши противникот за пласман во второто коло, каде го очекува пресметка со Литванецот Беранкис.
Лајовиќ славеше со 3-1 во сетови на дуелот со Маџер од Италија, а пласман во втората рунда обезбеди и Андерсон, кој со максимални 3-0 го совлада Џере.
На женскиот дел од турнирот, данската тинејџерка Таусон ја изненади Брејди со победа од 2-1 во сетови, а настапот прерано го заврши и Дона Векиќ, која беше елиминирана од Бара Ирина од Романија (3-6, 4-6).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА