Ѓоковиќ убедлив против Фриц во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ го декласираше Американецот Тејлор Фриц со 6-3 и 6-0 во осминафиналето од Мастерсот во Монте Карло. Американецот беше достоен противник до петтиот гем во првиот сет кога при резултат 2-2, Ѓоковиќ стигна до првиот брејк во мечот. До крајот на натпреварот Фриц успеа да освои само еден гејм, за конечна победа на Србинот од 6-3, 6-0.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Русинот Данил Медведев кој беше подобар од осмиот носител на турнирот Стефанос Циципас од Грција со 2-1, по сетови 6-2, 1-6 и 6-4.

Ѓоковиќ има три победи на досегашните три пресметки со Медведев, а последен пат се сретнаа годинава во осминафиналето на Австралија опен, меч кој го доби со 3-1 по сетови 6-4, 6-7, 6-2 и 6-3.

Се вчитува...