Ѓоковиќ урна уште еден рекорд на Федерер

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, постави нов рекорд на АТП листата по бројот на недели поминати меѓу првите пет играчи во светот, бидејќи со најновото рангирање стигна до бројката од 860 недели во елитното друштво.

Ѓоковиќ со тоа го надмина претходниот рекордер Роџер Федерер, кој претходно го држеше првото место 859 недели.

Минатата недела српскиот тенисер го изедначи учинокот на Швајцарецот, а сега го престигна, дополнително зацврстувајќи го своето место во историјата на овој спорт. 

На третата позиција според овој критериум е Рафаел Надал со 837 недели.

Се вчитува...