Ѓоковиќ урнебесно си го прослави финалето во Њујорк: Ова е крик за мојот спорт, сопруга и деца, за мојот народ!

Новак Ѓоковиќ „преслушувајќи“ го Кеи Нишикори се пласираше во финалето на УС Опен. На повеќе од интересен начин, за него вообичаено, со специфичен танц Ѓоковиќ си го прослави своето ново Гранслем финале…

Ќе биде тоа осмо финале на УС Опен за Србинот, а за титулата во Њујорк ќе се бори со Хуан Мартин дел Потро.

По синоќешната победа Ѓоковиќ се огласи и преку својот Инстаграм профил со порака: „Ова е крик за мојот спорт, мојата жена и деца, мојата цела фамилија и мојот народ. Ве сакам сите. Добро е чувството да се вратите“.

Се вчитува...