Ѓоковиќ: Веднаш ќе се пензионирав ако не верував …

Новак Ѓоковиќ спортски му честиташе на Рафаел Надал за супериорната игра во вчерашното финале на Ролан Гарос, во кое шпанскиот ас триумфираше со 3-0 над првиот носител, стигнувајќи до својот 13. трофеј на гранслем-турнирите. Ова севкупно беше трофеј број 20 за Надал од најголемите турнири, рамо до рамо со Федерер, три повеќе од Ѓоковиќ, кој не се откажува ниту од оваа трка.

„Бројката од 20 гранслем трофеи на Надал и на Федерер е извонредна. Дали можам да ги стигнам… веднаш ќе се пензионирав ако не верував во тоа. Ќе продолжам да играм, да напредувам во овој спорт што толку многу го сакам. Еден пораз, иако е финале од гранслем турнир, не може да ја наруши мојата самодоверба. Рано ми е да размислувам за пензија, имам уште многу „гориво“ во нозете и љубов кон тенисот“, истакна Ѓоковиќ.

Србинот не го крие изненадувањето што токму овие тројца се уште доминираат на најголемите турнири иако се повеќе се приближуваат до крајо на своите фантастични кариери.

„Имаме притисоци од сите страни, но ние тројца се уште докажуваме дека сме најдобри тенисери во светот, додека многумина ни порачуваат дека треба да се пензионираме. Јас се уште имам голема желба да играм, бидејќи за мене овој спорт е игра, љубов, но и уживање. Згора на тоа, се уште имам и високи професионални цели поставени пред себе, еден од нив сигурно е да ги стигнам Федерер и Надал по бројот на гранслем-трофеи“, вели Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...